Почина Лефка Симоновска, првата жена ќеманџика од Македонија.

Од мали нозе крадејки го ќемането од дома, научува да свири. Така се запознава и со својот сопруг Ќиро, верувале или не родени во ист ден, и со него основаат семејство.

Нивна заедничка фотографија се наоѓа во Музеј на Македонија, каде останува трајно да сведочи за нејзината умешност да свири на ќемане.

Таа го постави орото „Копачката“ да го изведуваат жените во ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево.

Во знак на голема благодарност за нејзината посветеност за пијанечкиот фолклор и ја оддаваме нашата последна почит. Почивај во мир мила Лефче, се вели во објавата на ЗФГ „Копачка“ од с.Драмче, Делчево.