Бразилскиот бодибилдер Валдир Сегато, кој на јавноста ѝ стана познат поради огромните мускули и прекарот „Хулк“ почина в болница минатата седмица.

За „да ги изгради“ своите мускули, и покрај предупредувањата на лекарите, Тик-ток ѕвездата со години користел инјекции со масло „Синтол“, што се опасни по живот. Валдир велеше дека негови примери и идоли се Арнолд Шварценегер и стрип-јунакот Хулк.

– Постојано ме викаат Халк, Шварценегер или Хи-мен и тоа ми се допаѓа. Ги удвоив бицепсите, но сакам да бидат уште поголеми, изјави тој еднаш.

Докторите го предупредуваа дека поради опасните инјекции, тој може да се соочи со ампутација или барем оштетување на нервите, но непотребно храбриот бодибилдер ги игнорираше тие совети.

Валдир Сегато починал на 26 јули, но веста за неговата смрт е објавена синоќа. Западните медиуми јавуваат дека тој бил пренесен в болница откако се пожалил на отежнато дишење и починал на својот 55. роденден.

📸

📸

📸