Сања М.(47) од Пирот утрово беше брутално убиена од Мирослав М.(55), нејзиниот поранешен долгогодишен емотивен партнер, кој зад себе има криминално досие.

Мирослав пукал во Сања среде улица улица додека таа одела во продавница.

– Како што дознаваме, околу 9 часот и 45 минути влегол во полициската станица Пирот и пријавил дека во центарот на градот, на „Плоштадот на ослободителите“, испукал куршум од пиштол во главата на својата поранешна емотивна партнерка. Сања се здобила со повреди на главата, по што починала, објави Блиц.рс.

Мирослав им го предал пиштолот од кој пукал на полицајците во станицата. Како што дознава „Блиц“, осомничениот е со криминално досие.

Ова е деветта жена убиена во Србија од почетокот на годинава.