Осум лица загинаа, а десет лица се повредени во пукање во храм на Јеховините сведоци во Хамбург, а Билд пишува дека наводно зад нападот стои Филип Ф. (35).
Полицијата закажа прес-конференција на која ќе бидат соопштени повеќе информации за овој масакр. Напаѓачот, за кој се верува дека е поранешен член на оваа заедница, синоќа околу 21 часот упаднал во просториите на Јеховините сведоци и почнал да убива луѓе со огнено оружје.
Полицијата утринава соопшти дека напаѓачот најверојатно е меѓу осумте убиени, но не го откри неговиот идентитет. Наводно, насилникот отворил оган кон собирот за време на настанот. Кога пристигнала полицијата, тој наводно се самоубил.
Според информациите на Билд, напаѓачот наводно е Филип Ф. Според магазинот Шпигел, тој е поранешен член на Јеховините сведоци. Пред злосторството тој не бил во досие во полиција, па не бил означен како екстремист.ж
Филип Ф., како што е напишано на неговата веб-страница, израснал во тивкиот Кемптен во Алгау, во строго религиозно домаќинство. По завршувањето на средното образование се обучува како банкарски службеник во една германска приватна банка.
Потоа студирал бизнис администрација и по разни престои во странство се населил во Хамбург. Неодамна работел во деловен центар. На веб-страницата на неговата компанија тој се опишува себеси како „мултикултурен“ и „самоуверен Европеец“.
Засега не е познат мотивот за убиствата.
Be the first to write a comment.