Маж загина на плажа во Солун во средата напладне, пред очите на случајни минувачи кои видно беа исплашени, јавуваат грчките медиуми.

Според информациите на thestival.gr, мажот паднал во морето со своето возило откако прво се врзал за да не може да излезе. Инцидентот се случил кај Посејдонио околу 13 часот.

Истите извори наведуваат дека се работи за полицаец, на возраст од околу 40-45 години, кој со својот автомобил тргнал од базенот „Посидонио“, кажувајќи им на луѓето кои биле на местото на настанот дека е решен да влета си своето возило во морето.

Како што опишаа очевидците за ThessToday.gr, тогаш еден свештеник постојано му викал „Мое момче, зошто? Од која причина?“, а тој наводно одговорил дека се соочува со сериозен здравствен проблем, поточно дека наводно боледува од рак.

Веднаш на местото на настанот пристигнале сили на полицијата, крајбрежната стража и противпожарната единица, како и брза помош од ЕКАВ.

„Тој рече „сега ќе видите!… и падна во морето“ Жена која била на местото на настанот, опишала за thestival.gr што видела.

„Видовме автомобил и маж на 40-годишна возраст. Зборуваше на телефон и рече „сега ќе видиш“. Колата беше во движење со отворен прозорец, но мислевме дека ќе се паркира. Кога се свртев повторно да го погледнам, за неколку секунди падна во морето. Веднаш повикавме полиција и противпожарна служба. Дојдоа многу брзо“, карактеристично вели таа.

Млад пар кој исто така бил на местото на настанот за thestival.gr изјавил дека мажот си ги врзал рацете со лисици на воланот и потоа паднал со автомобилот во морето.

📸

📸