Епидурална е вид на анестезија која се инјектира во епидуралниот простор, кој се наоѓа околу ‘рбетниот мозок. Со помош на епидурална анестезија, родилките се ослободуваат од породилните болки.
Студентот по медицина Хансел Виера и д-р Карлос Де Ла Хоз собраа преку 13 милиони прегледи во видео кое покажува големина на епидурална игла.
Тие покажуваат три различни игли во видеото и бараат од гледачите да погоди која е епидурална, а на самиот крај откриваат дека е најголемата! Стандардната епидурална игла е обично долга помеѓу 7,6 cm и 12,7 cm.
– Епидуралните игли се долги,за да имаме подобар пристап до епидуралниот простор. Должината на таквите игли може да варира во зависност од индексот на телесна маса на мајката. Колку повеќе маснотии, толку подолгатреба да е иглата – објасни Хансел.
Be the first to write a comment.