Продуцентот Оливер Пауновиќ од Ниш само за чудо избегна трагедија кога вчера околу 15 часот на автопатот кај Ниш врз неговиот автомобил „фолксваген тигуан“ паднаа три парчиња бетон, од кои едното тежело околу пет килограми!

Само со голема присебност и искуство успеал да го задржи на патот автомобилот во кој бил со својот шеснаесетгодишен син.

– Возев по автопатот од правец на Малча, кон излезот „Ниш југ“, кога додека поминувавме под подвозникот на Трупалската јамка, нешто почна да пука и удира во автомобилот. Се слушнаа три силни удари од кои напукна шофершајбната, панорамскиот покрив и оштетен е дел од каросеријата. Едвај успеав да ја задржам колата на патот. Кога застанав, на покривот најдов парче бетон тешко повеќе од пет килограми. За среќа заштитата на панорамскиот кров го задржа, инаку ќе го погодеше мојот син право во глава. Не можам да помислам што ќе се случеше ако покривот беше отворен, а неколку моменти претходно сакав да го отворам за да го проветрувам автомобилот – раскажува Пауновиќ за „Блиц“.

Тој вели дека ја известил полицијата која излегла на местото, извршила увид и почнала да работи на утврдување на причината за инцидентот.

-Кога се вративме на клучката, под подвозникот видовме уште две парчиња бетон што удриле во мојот автомобил. Не ми се верува дека ни се распаѓаат мостовите, а воопшто не сакам да верувам дека некој намерно ги фрлил парчињата бетон. Се надевам дека надлежните државни органи ќе утврдат како дошло до ова, бидејќи некој може да настрада – вели Пауновиќ.

📸

📸

📸