Како незаборавен, го опиша вицепремиерот за политички систем Артан Груби синоќешниот мировен фестивал што по повод 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор го организираше на плоштадот Скендербег.

Од фотографиите се гледа дека на него присуствувале илјадници млади луѓе, и покрај критиките во јавноста дека во време на криза не треба да се трошат 70.000 евра за вакви прослави.

Свој перформанс имаа неколку албански уметници: Ермал Фејзулаху, Нора Истрефи, Мајк, Кида и Фифи. Требаше да пее и Антониа Гигоска, но го откажа учеството. Како нејзина замена беше најавен Владо Јаневски, но и тој преку соопштение извести дека нема да настапи на фестивалот.

Ова е прва година како се организира Фестивалот, а од Министерството за политички систем, најавија дека се стремат да го претворат во годишен фестивал за славење на еднаквоста, мирот и интеграцијата.

📸

📸

📸