Повеќе 40 лица се повредени, од кои 10 потешко, во невремето што попладнево го зафати западниот германски град Падерборн, соопштија официјални лица, пренесе ДПА.

– За време на невремето проследено со грмотевици, торнадо денеска попладне имаше патека на уништуваше од запад кон исток, минувајќи низ центарот на Падерборн, во правец на источните делови на градот – соопшти полицијата.

Официјалните лица проценуваат дека торнадото предизвика милионски штети. Во индустриска зона биле урнати покривите на магацините. Лимови, изолација и други материјали се расфрлани со километри наоколу градот, пренесува германската агенција.

Противпожарната бригада, исто така, извести за сомнително торнадо во Липштад, град на околу 35 километри од Падерборн, што предизвикало „сериозна штета“.

Портпаролот на противпожарната служба изјави дека насекаде има уништени покриви и паднати дрвја.

Невремето ги опустоши и околните градови, при што загинаа две лица

Тешка штета од невремето е забележана и во блискиот град Липштад. Црковната кула во градот е урната, а германската новинска агенција ДПА јави дека повеќе од 100 луѓе се привремено задржани во локалниот отворен базен, откако паднатите дрвја го блокирале излезот.

Регионалната противпожарна служба соопшти дека на тој простор се распоредени сите расположливи спасувачи. Двајца француски државјани загинаа во Баленштад, откако нивниот параглајдеr бил фатен во силен налет на ветер по полетувањето.

Портпаролот на противпожарната служба изјави дека се уништени покривите, а се соборени дрвја низ градот. Искршени се прозорците, а автомобилите уништени од паѓање на гранки. Некои од дрвјата се откорнати, објави општината Алтенбекен кај Падерборн – како џиновска рака да ги откорнала.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸