Како и претходните и годинава, василичарите со своите креативни маски дадоа свој автентичен осврт на актуелни политички и секојдневни случувања во земјава и светот. Eнергетската и економската криза, ЕУ интеграција на земјава, војната со Украина, но и кралицата Елизабета беа само дел од маските кои вчера продефилираа на карневалот

Со палење на маските и традиционалното оро што го изигиграа василичарите заврши овогодинешниот Вевчански карневал.

Момент од палењето на маските во центарот на Вевчани, со што се означува крајот на Вевченаскиот карневал/Фото: МИА
Вевчанци со голем број маски и костуми и годинава продефилираа низ улиците за време на традиционалниот карневал.

Како и претходните и годинава, василичарите со своите креативни маски дадоа свој автентичен осврт на актуелни политички и секојдневни случувања во земјава и светот.

Eнергетската и економската криза, ЕУ интеграција на земјава, војната со Украина, но и кралицата Елизабета беа само дел од маските кои вчера продефилираа на карневалот.

Како и секоја година неизоставен дел на карневалското дефиле беа и традиционалните маски на зетот и невестата, глупавите Августи, ѓаволите, зурлите и тапаните.

Според, Александра Велковска, туризмолог од Вевчани, палењето на маските е понов обичај, кој, како што вели, сепак е добро прифатен меѓу населението и станал дел од традицијата.

„Палењето на маските има значење за злото да не се повтори во Новата година, односно Новата година да почне чиста и бериќетна. Вевчанци со тоа го означуваат крајот на карневалот, а веднаш потоа почнуваат да мислат нова маска за следната година“, посочува Велкоска, пренесува МИА.

Вевчанскиот карневал е еден од најпознатите селски фестивали на Балканот. Се верува дека обичајот е стар над 1 400 години и се заснова на стари пагански верувања. Вевчанци веруваат дека со своите маски ќе ги избркаат злите духови од нивните животи. Во 1993 година, карневалот и селото Вевчани официјално станаа дел од Светската федерација на карневалски градови.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸