Српскиот фолкер Дарко Лазиќ неодамна беше уапсен кога пијан и под дејство на наркотици возел по белградските улици, а набрзо следеше раскинување со тогашната девојка Барбара Бобак.
Сепак, иако многумина мислеа дека тој ќе се смири по скандалот, Лазиќ очигледно не планира да го стори тоа.
Имено, пејачот по раскинувањето решил да живее вистински ергенски живот, па почнал да излегува по белградските клубови.
Тој на својот Инстаграм профил објави неколку „стори“ за тоа како го поминува времето во еден клуб во главниот град, а друштво му правеше ни помалку ни повеќе туку неговата поранешна контроверзна колешка Маја Маринковиќ.
Лазиќ цело време играше и пееше, но ги снимаше и градите на оваа старлета.
Меѓутоа, на само неколку метри од нив се наоѓала поранешната свршеница на Лазиќ и мајка на неговиот син Марина Гагиќ, која папараците на Пинк ја фотографирале додека влегувала во клубот.
📸
Be the first to write a comment.