Двајца тинејџери се удавија денеска на Ада Циганлија во Белград.
Нивните тела биле извлечени откако во полиција околу 17 часот и 30 минути било пријавено дека во езерото на Ада Циганлија влегле голем број матуранти, а две лица не испливале.
Полициски патроли, како и Нуркачка единица на Жандармеријата, веднаш биле испратени на местото на настанот и започнале со потрагата која за жал завршила трагично.
Таткото на едно од удавените момчиња набрзо пристигнал на местото на настанот и побарал да го види детето.
– Не му дозволија, само се струполи на подот, па го однесоа. Трагедија – вели еден од очевидците.
Кај Ада пристигнале и пријателите на настраданите млади луѓе кои во солзи и во неверување стоеле на местото каде што се случила трагедијата.
Be the first to write a comment.