По Скопје викендов се прошета олдтајмер Бентли, возило кое според организаторите на релито „Тур амикал“ вреди 1,3 милиони евра. Преку територијата на Македонија со преспивање во Скопје за 4 дена поминаа околу 240 автомобили-олдтајмери во организација белгиски авто-рели клуб. Најскапите автомобили беа од марката бентли и неколку имаат вредност од над милион евра.
Бидејќи голем дел од олдајтмерите немаат кровови, на релито Софија-Приштина-Скопје-Тирана-Подгорица-Дубровник (од 10-ти до 19-ти мај) сите автомобили имаат екипаж од возач и совозач.
По престојот во Скопје кај Арапска куќа, 4 групи автомобили продолжуваа кон Охрид. Иако организаторите барале олдтајмерите да се паркираат на Плоштад за да се организира еден вид на изложба, град Скопје не издал таква дозвола.
За изложбата била подготвена и сценографија која подоцна требало да остане на градот како подарок. Но, после одбивањето, олдатјмерите се паркирани на потегот меѓу Мериот и Арапска куќа во центарот на Скопје.
Корвета, Ферари, беќе спомнатиот Бентли, БМВ, па дури и автомобили стари по еден век прошетаа по скопските улици и продолжија по маршрутата на релито.
Голем дел од автомобилите кои беа во Скопје исполнуваат услови да станат музејски примероци. За гостувањето во Македонија, организаторот смисли симболично лого и ја „прекрсти“ во Тим Maxedonia, затоа што како што наведува, „мислат дека Македонија е Max“.
Во продолжение фотографии од релито:
Be the first to write a comment.