Емилијано Мартинез си доби многу фудбалски непријатели меѓу фановите ширум светот, без оглед на фактот што деновите ужива статус на национален херој во родната Аргенетина.
Додека навивачите од оваа земја се воодушевени од сите провокативни потези на популарниот Дибу, неутралните фудбалски фанови најчесто го критикуваат однесувањето на голманот, кој и за време на денешната шампионска прослава покажа дека е голем провокатор.
Најдобриот голман на Светското првенство ги провоцираше Французите уште за време на пенал рулетот и потоа посебно го тролаше Килијан Мбапе во соблекувалната, но во тој стил продолжи и денеска.
Мартинез денеска се појави со кукла од бебе на која ја има фацата на Килијан Мбапе, алудирајќи на тоа дека го чува во „свои раце“ за време на големото славје на Аргентинците.
Сликите од провокацијата на голманот на Астон Вила експресно станаа вирални, а додека Аргентинците се воодушевуваат, останатите фудбалски фанови дополнително собираат анимозитет кон човекот кој во четвртфиналето го пцуеше и Луи Ван Гал.
Emi Martinez loves it 🤣 pic.twitter.com/STugM8WvSl
— SPORTbible (@sportbible) December 20, 2022
Be the first to write a comment.