Младата, амбициозна и шармантна пејачка Антониа Гиговска овој пат демонстрира како треба да изгледа една тренди трудница. Гиговска во последно време е главна тема во медиумите во нашата земја, откако објави дека наскоро ќе се оствари во улогата на мајка…
Но, и покрај новонастанатата состојба, Антониа работи со полна пареа како никогаш до сега. Пред неколку дена таа ја објави најновата песна „Хабиби“ која и е соработка со познатиот рапер Пајак.
Дека Антониа во моментов е поубава од било кога, говорат и нејзините последни објавени фотографии на Инстаграм, каде таа позира во долг и тесен црвен фустан, каде до израз веќе доаѓа нејзиното стомаче…
Станува збор за елегантен долг плетен фустан во црвена боја, кој го истакнува трудничкото стомаче.
📸
Be the first to write a comment.