Антониа Гиговска последниве недели е во фокусот на медиумите и јавноста. И заради музиката, но многу повеќе заради приватноста, пишува забавниот портал Вистина.мк.
Раскинувањето на врската со нејзиниот колега и момче, пејачот на „Либеро бенд“ Иван Јованов и аферата што ја следеа естрадно-кулоарските муабети и обајавите по медиумите за наводното неверство, Антониа не ја симнаа од насловниците на порталите и коментарите на социјалните мрежи.
Сепак, пејачката по се изгледа успева „добро да се носи“ со „расклиманиот интегритет“ или барем тоа јавно не го манифестира, па е подеднакво активна и при гостувањето во разни емисии, а и не престанува со настапи и гостувања по разни локали и манифестации.
Така, Антониа деновиве беше специјална гостинка при одбележувањето на еден јубилеј. Имено, државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје славеше своевиден јубилеј – 68 години работа и постоење, што не e баш мала работа. Особено ако се работи за една од ретките специјализирани образовни установи од ваков вид кај нас.
А кога е јубилеј, разбирливо е дека треба да има и пригодна културна, уметничка и естрадна програма. И ја имаше, а дел од неа, веројатно и главна ѕвезда во истата беше токму Антониа Гиговска. И тоа на покана на никој друг, туку токму на првиот човек на училиштето, директорот Бобан Спасенцовски, кој за пошироката јавност е познат и како естраден уметник, поточно пејач од македонската фолк естрада.
Антониа Гиговска ги удостоила дечињата, им отпеала како што самата кажува неколку свои песни, се дружела со нив како што се гледа од приложените фотографии, од кои на една пејачката се фотографирала и со директорот, па фотографијата ја споделила на своите Инстаграм приказни и во описот додала:
„Денес училиштето за слепи лица, Димитар Влахов слави 68 години работа и постоење. Ја имав таа чест да бидам гостинка и да испеам две песни. Се радувам кога гледам толку насмеани и распеани дечиња“ – напишала Антониа и додала: „Директоре, благодарам на поканата“!
И тука нема ништо чудно, напротив, убав гест и од директорот што ја поканил и од пејачката што ја прифатила поканата. Она што одново ја „заскокотка“ јавноста е она што малкумина го знаат, а стана актуелно по аферата со разделбата на пејачката од нејзиното сега веќе, бившо момче.
Имено, директорот на државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Боби Спасенцовски е татко токму на Роберт Спасенцовски, музичарот од нејзината сегашна придружна група, претходно добар другар на Иван и младичот за кого се (о)зборуваше дека Антониа наводно со него го изневерила Иван.
Оттаму и загадочната љубопитност на јавноста, дали тоа Антониа Гиговска беше „случајно“ на гости кај „несудениот свекор“? Се рабира, доколку приказната за наводната љубовна авантура со неговиот син била точна и ако е, доколку таа се’ уште трае?
Сепак, за нештата да бидат појасни, посетата на пејачката на оваа специјализирана образовна установа не и е прва.
Имено, уште во 2019 година во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ на деветтото издание на манифестацијата „Јас сум талент 2019“ присутните на овој настан имаа можност во живо да ги слушнат изведбите и на познaтите македонски ѕвезди, меѓу кои и поп пејачката Антонија Гиговска, Јуле од фолк групата Кисми, Иван Јованов од Либеро бенд и инструменталниот солист Робер Спасенцовски!
Антониа и годинава пак беше гостинка, само што овој пат Иван Јованов од „Либеро бенд“ изгледа… не беше поканет!? вистина.мк
Be the first to write a comment.