Српската фолкерка Александра Младеновиќ (28) ја „уловија“ папараците на аеродромот во Белград, по враќањето од настап во странство.

Александра Младеновиќ беше во природно издание, без шминка, а не се воодушеви кога ги виде фоторепортерите на аеродромот „Никола Тесла“.

За малку ќе избегаше со молскавична брзина во автомобилот кој ја чекаше, но фотографите успеаја да забележат како изгледа поранешната учесничка на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ кога не е под рефлекторите.

Александра ја врзала косата во реп, облече црно-бела комбинација на облека, а во рацете држеше пасош и шише со вода.

Таа не беше расположена за изјави, а евидентно е дека пејачката и во ова издание ја краси убавина.

📸

📸

📸