Триесет и деветгодишниот Младен Булатовиќ загина откако активирал рачна бомба на влезот во Основниот суд во Подгорица. Бомбата била активирана пред Булатовиќ да биде претресен од полицајците.
Во експлозијата се повредени пет лица, од кои едно е оперирано, додека четворица претрпеле шок. Претседателката на судот Жељка Јововиќ во вечерашното гостување на ТВ Вијести соопшти дека никој од повредените не е во животна опасност.
Мотивот на Булатовиќ ќе го утврди истрагата, изјави за новинарите в.д. обвинителката Снежана Шишевиќ, која истрагата ја водеше со припадниците на Центарот за форензика од Даниловград и Одделот за безбедност во Подгорица.
Директорот на полициската управа Зоран Брѓанин изјави дека полицијата ќе го проверела Булатовиќ – доколку дојдел до нив.
„Во 11 часот и 35 минути добивме известување дека во зградата на Основниот суд е активирана експлозивна направа и дека има повредени. Утврдивме дека е убиен М.Б.(39) кој ја активирал експлозивната направа. Имаме уште пет повредени лица кои се лекувале во Клиничкиот центар“, изјави претходно денеска Срѓа Кориќ од Криминална полиција.
Од полицијата за „Вијести“ велат дека е утврдено дека Булатовиќ влегол на првата врата од судот и дека бомбата ја активирал на просторот меѓу двете стаклени врати на зградата.
Булатовиќ вчера ненадејно си дал отказ
Наводно, Булатовиќ вчера ненадејно дал отказ во агенцијата за изнајмување автомобили каде што работел. Наводно побарал и од поранешната сопруга да го однесе детето на тренинг, но се уште не се знае зошто ја активирал бомбата на самиот влез на судот.
Според досегашните податоци, тој немал закажан термин во судот, иако наскоро требало да одлежи пократка казна домашен притвор поради неплаќање алиментација.
Се сомнева дека Булатовиќ активирал рачна бомба „кашикара“ на самиот влез во Основниот суд во Подгорица, пред главната сала. Во тој момент во близина на влезот имало неколку лица кои биле повредени или од шрапнели од бомбата или од стаклото на влезната врата. Повредени се осум лица, од кои четворица се задржани на лекување.
Според Стандард, тешко се повредени две жени и тоа Марија Радуловиќ (41) која има внатрешно крварење и Љиљана Маритновиќ (47) која има скршеница на ногата.
Со тешки повреди се здобил адвокатот Бранимир Вукчевиќ (44), додека со полесни пвореди се здобиле З.И.(57), М.Ч.(58), И.Љ.(76), П.В.(58), М.В.(56) и Ј.М.К. (41).
Be the first to write a comment.