На Фејсбук границата на граничниот премин Маљевац е објавена приказна за 15-годишниот Енес од Јоховица, село во Босна и Херцеговина, кој сам го поправил патот бидејќи властите не го направиле тоа.
Станува збор за пат кај граничниот премин Боговоља-Хаџин Поток. Жителите од овој крај веќе со години апелираат на комуналните власти на градот Цазин, кои се надлежни за одржување на овој локален пат, да го санираат коловозот долг 4 километри од граничниот премин до селото Штурлиќ, првото населено место во Босна и Херцеговина. Но, на нивното барање надлежните не реагираат.
Затоа малиот Енес решил да ги земе работите во свои раце. Дупките на макадамскиот пат ги пополнил со црн песок кој впива вода и со сопствени пари најмил машина за вибрација за песокот да се зацврсти. Со тоа го поправил патот, па тој, како што вели, сега изгледа речиси како асфалтен.
„Народот ми е благодарен што го одржувам патот бидејќи луѓето возат скапи автомобили, па сега помалку ќе се уништуваат поради дупките“, изјавил Енес кој има и порака до возачите:
„Забележав некои кои доаѓаат од ЕУ дека фрлаат отпад покрај патот и тоа не е во ред. Да ја чуваме природата бидејќи таа е нашиот живот. Исто така, би сакал поединци побавно да возат за да не ме удрат покрај патот. На сите им посакувам среќен пат и поздрав од срце“, порачал тој.
Be the first to write a comment.