Битката траеше четири години. Малиот Филип беше појак од 44 метастази. Херојски се снајде со терапиите, болките, лекарите и болници, со насмевка ја оттурнуваше смртта од себе.
За жал, овој пат смртта и болеста беа посилни. Малиот Филип Ивановиќ, голем борец против неизлечивата болест, ја загуби последната – животна битка. Имаше само 12 години.
Пред неколку години, на малиот Филип Ивановиќ од Смедерево му била дијагностицирана тешка болест. Пред четири години тој се разболе од синовијален сарком на меко ткиво.
Тој преживеа две операции при кои беа отстранети 44 метастази. Сепак, болеста се врати. Повторно болнички кревети, инфузии, игли. Болнички ходници, хемотерапија, прегледи, интервенции. И Филип победуваше се’, со насмевка… до сега.
Шокантната вест ја соопшти неговиот татко Иван.
– Мојот сакан и храбар син го положи мечот во битката со неизлечивата болест и отиде меѓу ангелите. По речиси четири години борба и победа над болеста со својата храброст, кога ни лекарите не веруваа во сите негови чуда, тој едноставно не издржа повеќе и замина на поубаво место. Ти си сонцето на моето небо, синко мој, и знам дека ти и одозгора со твојата несебична љубов и насмевка ќе ми го осветлиш животот. Те сакам синко и едвај чекам да те видам повторно во Царството Небесно, порача скршениот татко.
Почивај во мир Филип, ангелите нека те чуваат…
Be the first to write a comment.