Вработената која со недоличното однесување од петокот 28.02.2023 година го наруши угледот на Општата болница „Прим. д-р Абдула Накаш“ во Сараево, е разрешена од функцијата помошник директор за економски прашања.

Како што соопштија од Општата болница, дисциплинската комисија која е формирана во најбрз можен рок, продолжува да работи согласно постојните законски прописи.

– Напоменуваме дека ваквите поединечни случаи фрлаат сенка на огромниот труд и посветеност на вработените во Општата болница, со цел на сите пациенти да им се обезбеди најквалитетна здравствена услуга, велат од Општата болница.

Потсетуваме, порталот „Црна хроника“ кон крајот на февруари објави видео на кое се гледа како помошникот директор „штелувано“ ги договара термините за преглед и ги пушта пациентите преку ред.

Една пациентка снимила сè со својот мобилен телефон и го проследила до медиумите.

На видеото се гледа жена во бел лекарски мантил која се претставила како помошник директор на Општата болница и која по жестока расправија се обидува да му го одземе телефонот на пациент кој долго чекал на преглед.

Општата болница веднаш по објавувањето на видеото поведе дисциплинска постапка.