Енрике Кресто, градоначалникот на Конкордија, град кој се наоѓа на североистокот од провинцијата Ентре Риос во аргентинска Месопотамија, се најде во многу непријатна ситуација откако новинарот Луис Гасула пред некој ден на својот твитер-профил сподели видео кое сериозно го компромитира.
Се испостави дека апла ѝ го допира задникот на млада девојка која му пришла со намера да направи селфи, а Гасула подоцна напишал дека добил информација дека таа наводно е негова идна колешка, студентка по новинарство.
„Најпрво соработниците на градоначалникот се обидоа да ме убедат дека тоа е неговата сопруга. Но, локалната функционерка Летиција Понзинибио, со која Кресто има четири деца, физички воопшто не личи на девојчето од видеото“, напиша Гасула и додаде дека откако видеото стигнало до влијателните медиуми, Кресто рекол дека се’ е исценирано со единствена цел да му се наштети на угледот.
Во вторникот порталот „Ел Диарио“ објави дека не станува збор за студентка по новинарство, туку за обожавателка која ја прескокнала оградата за да се фотографира со својот омилен политичар за време на карневалот.
„Последниве денови се обидуваат да ме прикажат во несоодветно светло. Се согласив да ѝ излезам во пресрет на таа девојка која сакаше да се слика со мене и тоа беше тоа, потоа се вратив на моето место. И ништо друго не се случи“, напиша Кресто во соопштение за медиумите и уште еднаш нагласи дека некој сакал да направи скандал без да размислува за последиците.
Тој воедно изрази и жалење за девојката од видеото што била изложена на ваква страшна ситуација. Таа се’ уште се нема огласено за инцидентот.
Les presento al intendente de Concordia, Enrique Cresto.
Es la mano derecha de Urribarri en la provincia.
Así se maneja con una cronista que lo entrevista en televisión
Mano larga en las cuentas públicas, mano larga con las mujeres. pic.twitter.com/ahYQ5LgXUj— Luis Gasulla (@LuisGasulla) February 13, 2023
Be the first to write a comment.