Драган Величковски, попознат под сценското име Tyzee (Тајзи) на својот ФБ профил пренесе една интересна приказна, која ви ја пренесуваме во целост:

Тетоважа со ликот на Tyzee 🌞 Има приказна позади ова…

Еден дечко пред неколку години ми пиша пред концерт дали може да направиме муабет и испиеме една пијачка. Ми објасни дека имале страшна сообраќајка после која колата завршила во отпад. Полицијата се чудела како е можно да нема повредени.

На радио во тој момент пеела мојата песна ЧУВАЈ НИ ГА БОЖЕ… Тој е убеден дека токму тоа ги спасило, осетиле некоја чудна енергија 🙏 Му кажав понекогаш Бог дава втора шанса, сега имаш мисија и почни да го работиш тоа што срцето навистина ти го сака. Ме послушал почнал да тетовира и да работи, па пред некое време ми ја прати сликава и ми кажа:

Ова е најмалку што можев да направам за тебе кралу. Сам себе се истетовирал во знак на почит спрема моето дело. Солзите сами почнаа да течат…

Мојата музика не е само песна туку многу повеќе од тоа… Јас не сум звезда и никогаш не сум бил !!! Ја сум само сонце кое грее души како што е оваа и ги инспирира да станат најдобрата верзија од себе.🍷🍷 И не ми треба стауетки и награди, ова е мојата награда…

Слава на Бога 🙏

Сам себе се истетовирал во знак на почит спрема моето дело, вели Тајзи