Најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол се уште предизвикува бура во Катар со своите разголени комбинации, а фотографиите од трибините на натпреварот меѓу Хрватска и Белгија го обиколија светот.

Имено, Ивана на стадионот се појавила во градник и хеланки со мотиви на хрватското знаме, а едвај ги задржала своите бујни гради. Колку таа изгледаше заводливо и предизвикувачки покажува реакцијата на арапските шеици за која се зборува на социјалните мрежи.

Моментот кога навивачката се спушта по скалите на стадионот во Доха камерите го уловија, исто како и шокот и радоста на лицата на арапските шеици кои седеа на трибините. Кога забележале дека покрај нив минува раскошната и разголена Ивана Кнол, заборавиле на традицијата, па ги грабнале мобилните телефони за да ја снимаат.

Фотографијата набрзо се појави на Фејсбук, а веднаш следеа хумористични коментари за шеиците. „Одам да гледам фудбал, и вели на сопругата“, „Ова е неговата последна фотографија пред разводот“…

Набргу потоа, Мухамед Хасан Ал Џефаири, истакнат катарски претприемач, се огласи на Твитер и тврди дека еден од мажите на фотографијата ја снимал Кнол затоа што не му се допаѓало како била облечена.

„За ваша информација, ја фотографираа не затоа што им се допаѓа, туку затоа што не им се допаѓа како е облечена, што е неприфатливо за нашата култура. Секој од Катар ќе го потврди тоа. Веројатно сакаат да ја пријават“, рече тпј, а корисниците не можеа да престанат да се смеат.

„Неговиот израз на лицето не го кажува тоа“, „Јас сум од Катар и мажите овде не се без грев“, „Многу лош изговор“, се само дел од коментарите кои се најдоа под споменатиот твит.

📸

📸

📸

📸