Едногодишно бебе утрово паднало од втор кат низ прозорец од градинка во урбаната белградска населба Миљаковац, јавува „Блиц.рс“.
Неофицијално, според зборовите на воспитувачката, детето го искористило моментот на невнимание и се качило на маса покрај отворениот прозорец, по што паднало од висина од седум до осум метри.
Детето во болница отишло во придружба на неговата мајка, а од Универзитетската детска клиника Тиршова за овој настан била известена полицијата која излегла на местото на несреќата.
Од Тиршова за „Блиц“ потврдија дека се работи за бебе.
– Детето е донесено, дијагнозата е во тек, се уште не може да се зборува за степенот на повредите – известија од коиниката за „Блиц“.
Be the first to write a comment.