Две сестри осомничени за илегална трговија со дрога
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две сестри, на возраст од 26 и 28 години, бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршителки сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
На 10 февруари, во нивниот дом во Кавадарци, биле пронајдени 17 пакувања со вкупно 147,16 грама амфетамин, 16 таблети метилен-диоксиметамфетамин, потоа 15,89 грама марихуана во две пакувања и уште четири рачно направени цигари со мешавина од марихуана и тутун.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на делото. Ценејќи ги сите околности, Основниот суд во Кавадарци на осомничените им определи мерка куќен притвор.
Be the first to write a comment.