Доктор Вулнет Бектеши од Детското одделение во Струга преку јавен фејсбук статус ја споделува алармантната состојба со недостиг на лекари.

„Господ нека ни е на помош во детското одделение во Струга. Секој ден се повеќе пациенти, се помалку лекари. Ова веќе не се издржува.

Во име на детско одделение СТРУГА го молиме господинот Премиер, министерот за Здравство , директорите на општите болници Струга и Охрид .. Да се најде решение.. А се ова за здравјето на најмалите и најмилите… За децата ( нема потреба од лајкови.. Само да се тагнат Министерот и директорите.. За да се превземе нешто конкретно…)“, пишува доктор Бектеши.