Најмалку 40 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во судир на товарен воз и патнички воз на ноќната линија кај градот Лариса во Грција, соопштија грчките власти, пренесува агенцијата МИНА.
Грчките медиуми јавуваат дека властите на таа земја поради несреќата уапсиле четири лица, а истрагата е во тек. Претседателот на Панхеленската железничка федерација, Јанис Дикас, рече дека верува оти несреќата се должи на човечка грешка.
Од вкупниот број повредени, 66 се задржани на болничко лекување, а шест лица се на интензивна нега, пишува грчкиот весник Екатимерини. Спасувачите се уште се на местото на несреќата и ги извлекуваат повредените и телата од остатоците на вагонот.
Во акцијата учествуваат 150 пожарникари, спасувачи и 30 екипи за итни случаи, а владини претставници соопштија дека војската била повикана на помош, пренесе агенцијата АП.
Поради несреќата во Грција е прогласена тридневна национална жалост. Според Ројтерс, причината за најсмртоносната железничка несреќа во Грција во последните децении останува нејасна.
Локалниот гувернер Константинос Агорастос изјави дека меѓуградски патнички воз кој патувал од Атина за Солун со голема брзина се судрил со товарен воз во близина на Лариса. Од ударот настанал пожар во поголем број патнички вагони.
„Слушнавме голем тресок, тоа беше 10 кошмарни секунди. Се превртевме во вагонот додека не паднавме на страна… Потоа настана паника, насекаде пукнаа кабли, пожарот беше моментален, додека се превртувавме возот беше пожар, пожарот беше на сите страни“, вели Стергиос Миненис, 28-годишен патник кој успеал да скокне од запалениот воз.
Регионалниот гувернер на Тесалија Агорастос за ТВ СКАИ изјави дека првите четири вагони од патничкиот воз излетале од шините, додека првите два вагони, кои се запалиле, се „речиси целосно уништени“.
„Тие се движеа со голема брзина и еден возач не знаеше дека другиот доаѓа“, рече Агорастос.
Ројтерс јавува дека околу 250 патници биле евакуирани со автобуси за Солун. Еден патник за државната телевизија ЕРТ изјави дека успеал да излезе од вагонот откако со куфер го скршил прозорецот на возот.
Во вагонот владееше паника, луѓето врескаа“, рекол младиот човек.
„Тоа беше како земјотрес“, додаде Ангелос Чамурас, друг патник.
Девет збора кои се покажаа како фатални за несреќата
Девет зборови, колку што е наредбата на стационарецот во Лариса на машиновозачот на патничкиот воз „Интерсити 62“, се чини дека биле пресудни во фаталната железничка несреќа што се случила нешто по 23 часот во вторникот.
Protothema.gr го открива сигналот кој се покажа фатален за патеката на возот и доведе до смрт на најмалку 40 луѓе.
„ЛАР – 62 – Поминувате на црвено додека не стигнете до влезот на Н. Порис, беше наредбата од стационарот во Лариса на машиновозачот на возот 62 бидејќи Неи Пори е следната станица по онаа во Лариса.
Фаталниот сигнал на стационарецот Лариса до машиновозачот на патничкиот воз
Надлежни извори нагласуваат дека „од она што досега сме информирани стационарецот и рекол на полицијата дека дал наредба за промена на пругата, која системот не ја спровел“.
„Со оглед на тоа што инцидентот се случил на приближно 25 километри од железничката станица и точката на промена на пругата, доколку стационарецот сфател дека возот се движи во рикверц, ќе наредел двата воза да застанат пред да дојдат „во близина“, додаваат истите извори.
Она што тие го објаснуваа, со други зборови, е дека стационарот, кој беше уапсен во средата напладне, не сфатил дека дал погрешна наредба и го водел патничкиот воз на линијата „надолнина“ за Атина на која товарниот воз 63503 веќе бил во движење.
Истите извори сепак појаснија дека дел од одговорноста – очигледно помала – има и двајцата машиновозачи затоа што се обврзани да разговараат меѓу себе, а исто така и со Хеленик Трејн бидејќи возовите имаат ГПС.
Тој е обвинет за убиство од небрежност
Набргу по апсењето на стационарот во Лариса, се дозна дека тој е окарактеризиран како виновник на несреќата и е обвинет, меѓу другото, и за убиство од небрежност (член 302 од КЗ), за телесна повреда од небрежност (314 од Кривичниот законик) и опасно мешање во транспортот на возила (291 од Кривичниот законик ).
Be the first to write a comment.