Хрватската полиција соопшти за сообраќајни несреќи што се случиле на автопатот А3 кај Нова Градишка. Оттаму посочуваат дека имало вкупно 9 сообраќајни незгоди во кои учествувале повеќе автомобили, а во таа несреќа едно лице загинало.
Загинал 51-годишен државјанин на Босна и Херцеговина.
– „Се случиле вкупно 9 сообраќајни незгоди во кои учествувале повеќе возила. Во наведените сообраќајни незгоди едно лице загинало, при што е утврдено дека се работи за 51-годишен државјанин на Босна и Херцеговина. Според досегашните информации и по истрагата на местото на инцидентот, во наведените сообраќајни незгоди 12 лица се повредени на кои им е укажана лекарска помош во болницата во Нова Градишка, наведуваат од полицијата.
Утрово во 7 часот и 25 минути е пуштен сообраќај на автопатот А3 помеѓу клучките Окучани и Нова Градишка во правец на Липовац, кој во текот на истрагата е затворен.
Be the first to write a comment.