Скандалозна кореографија синоќа истакнаа навивачите на Албанија на стадионот во Тирана пред пресметката на западниот сосед против Израел во поразот со 1-2, па повторно темата „Голема Албанија“ беше мотив на џиновското знаме преку еден дел од трибината.

Албанските навивачи ја покажаа кореографијата за која дадоа „беса“ дека ќе се реализира, а на истата беше нацртан човек кој слуша вести за проектот со обединувањето на сите албански земји, во кои влегуваат делови од Македонија, Црна Гора, Грција, како и Србија сосе Косово.

📸