Жртви во тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи во местото Узиќи кај Пожега, на главниот пат за Ужице, се сопружниците Мирослав (76) и Љиљана Миливојевиќ (71) од Севојно, јавуваат српските медиуми.
Љиљана починала на лице место, додека сите напори на лекарите од болницата во Ужице да го спасат Мирослав биле залудни. Тој имал тешки, повеќекратни повреди по главата и телото.
Во болница е примен и 27-годишниот внук на Миливојевиќ, кој бил со дедо му и баба му во автомобилот, по што поради тешки повреди опасни по живот бил пренесен во Клиничкиот центар Крагуевац.
Несреќата се случила на правецот низ Ужице кога возилото „застава 101“ управувано од Мирослав Миливојевиќ се обидело да го престигне камионот, на делницата каде што е дозволено престигнување.
Во тој момент дошло комбе на пекарска компанија од Ужице, чиј возач, забележувајќи дека на неговата лента има патничко возило што доаѓа од спротивната страна, се обидел да избегне десно, но несреќата не можела да се избегне.
Од силината на ударот во комбето, „стокецот“ се одбил и удрил во камионот кој се обидувал да го претекне. Повреден е и возачот на комбето, но за среќа полесно, па откако му била укажана помош е пуштен на домашно лекување.
📸
📸
Be the first to write a comment.