Со влезот на Хрватска во шенген се гледа дека некои производи сега се поскапи кај нив отколку во Западна Европа.
Еден таков пример се продавниците на ДМ каде производите се поскапи отколку во Германија. Индекс.хр ги најде производите кои се со иста големина, но имаат различни цени. Прашале зошто има разлика во цените. Гордана Пичек од ДМ рекла дека се трудат да обезбедат квалитетни производи по поволни цени. Вели дека во 14 земји нивното делување е во согласност со законите и уредно ги обавуваат своите финансиски обврски. Според неа, не дошло до поскапувања по воведувањето на еврото. Вели дека цените во евра се исти како оние од декември или дури и пониски. Рече дека во рамките на акцијата Добри цени, поевтинети се 700 производи и вели дека нема да поскапат во следните 4 месеци. Објаснува дека на купувачите кои се лојални им помагаат да заштедат и така лани клиентите заштедиле 85 милиони куни. Отстапувањето кај цените е поради различни начини на делување во различни земји. Тоа се повеќе фактори, како на пример помала мрежа на продавници што е неповолно за трошоците за логистика. За Хрватска конкретно имаат различни транспортни рути и добавувачи, даноци итн.
Be the first to write a comment.