Репрезентацијата на Босна и Херцеговина загуби од Иран во финалето на Светското првенство во седечка одбојка.
Иран го освои осмото злато, Босна и Херцеговина остана на три, а најголем виновник за тоа е иранскиот „горостас“ Мортеза Мехрзад (35), најдоминантниот играч во историјата на оваа игра.
Со висина од 2,46 метри, тој спаѓа во категоријата највисоки луѓе во светот, веднаш зад Турчинот Султан Косен (251 сантиметар). Тежи околу 140 килограми, а стапалото му е долго дури 39 сантиметри.
Како момче му била дијагностицирана акромегалија, хормонско пореметување поради кое рацете, стапалата и лицето претерано растат, па на 16-годишна возраст бил висок 190 сантиметри.
Потоа се повредил во сообраќајна несреќа со велосипед, а десната нога престанала да му расте и сега му е 15 сантиметри пократка од левата.
Во 2011 година почна да игра одбојка во инвалидска количка, а кога селекторот на Иран го виде на телевизија, реши да ја искористи неговата висина како потенцијал.
Be the first to write a comment.