Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на Катерина Крстева, дамата на македонското актерство која меѓу народот беше популарна како Мара Попара.

Нејзини колеги велат дека си имала свои маки со кои храбро се носела, а пријатели на семејството открија дека починала со огромна тежина на душата.

Нејзиниот син Александар починал пред неполна година на 36-годишна возраст, а по трагедијата актерката сосема се повлекла.

Предмалку се огласи и докажаната пејачка на македонски изворни и новокомпонирани песни, Блага Петреска.

„Мара Попара не’ напушти. Не можам да престанам со жалење за нејзината судбина. Толку јак дух, толку позитивна, а крајот бескрајно тажен. Кате моја, нека ти е светол патот! Ете не можеше без Цале и побрза кај него. Сочувство до сестра ти“, напиша таа на „Фејсбук“.