Познатата пејачка Антониа Гиговска оди на заслужен одмор. Таа ги информира своите следбеници на социјалните мрежи дека ќе се повлече од јавната сцена. Како што и самата вели во својата објава, Антониа сака малку да се опушти.

Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:

Драги мои, сакам да ве известам дека Антониа оди на заслужен одмор неколку месеци. Дојде моментот кога сакам малку да се опуштам и да се посветам на себе и она што доаѓа. Тоа значи дека нема да настапувам еден период, ама затоа пак ќе се „затворам” во студио и ќе работам на моите нови песни. Едвај чекам повторно да се дружиме на настапите, а дотогаш слушајте ја мојата музика и уживајте. Кој знае колку ќе ми недостигате! ❤️😊

Наскоро ќе ја видите новата Антониа. Јас мислам дека ќе ви се допадне 😊🥰

Последни 2 настапи се: 18.2 / Club Space / Куманово и 25.2 / Club De Facto / Гевгелија

Ве чекам и ве сакам! 🙏

Инаку, Гиговска е во блажена состојба и наскоро ќе се оствари во улогата на родител заедно со својот избраник Роберт Спасенцовски.