Анкетите се јасни, народот е за предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ со најголема доверба, Мицкоски со најголема поддршка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-21.2% од граѓаните својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 16.2% за СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ е партија со најголема поддршка кај граѓаните, а СДСМ тоне.
Народот гледа кој работи и гради, и кој знае да ги решава неговите проблеми. Јасна е разликата во пристапот на работа, а тоа најдобро се гледа по градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во општините каде ВМРО-ДПМНЕ е на власт реализирани или отпочнати се над 1.000 проекти, за разлика од таму каде што СДСМ управува и имаме целосна стагнација, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:
„Граѓаните сакаат политичари кои ќе нудат решенија и ќе ги решаваат нивните проблеми.
Претседателот Мицкоски е политичар со најголема доверба кај граѓаните и има рејтинг двојно поголем од Ковачевски.
Анкетите се јасни. Предвремени парламентарни избори час поскоро за промени и иднина“.
Be the first to write a comment.