Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА-лигата, Бил Расел почина на 88-годишна возраст, а ќе остане запаметен по неговите одлични настапи со кои освои 11 титули во најсилната кошаркарска лига.
Легендарниот кошаркар цела кариера ја помина во Бостон селтикс, откако беше избран како втор пик на НБА-драфтот во 1956 година.
Кариерата му траеше до 1969 година, по што работеше како тренер во Бостон, Сиетл суперсоникс и Сакраменто кингс.
Како кошаркар успеа да се закити со 11 шампионски прстени во НБА-лигата, а освои и пет награди за МВП, додека 12 пати учествуваше на Олстар-натпреварите.
Be the first to write a comment.