











Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов со уникатна порака по повод 151 година од раѓањето на великанот Гоце Делчев. Ангелов објави фотографија од себеси направена кај Калето и напиша „И јас сум Гоце Делчев“.
Инаку, Ангелов е познат во јавноста по тоа дека по потреба се враќа на своите патриотски ставови, посебно во пресрет на избори и притоа се дистанцира од СДСМ, но тоа барем досега било само навидум, бидејќи веднаш потоа веднаш се фрла во прегратките на партијата чии политики ѝ нанесуваат непоправлива штета на Македонија, како што беше промената на уставното име на Република Македонија.






Сепак, Ангелов веќе тешко ќе може да го измами македонскиот народ со својот наводен предизборен патриотизам, бидејќи е добро прочитан.
Му останува на ваков начин да ја враќа, рака на срце, заслужената почит која како генерал ја стекна во војната во 2001 година, бидејќи фактите говорат дека никој не може да ја негира неговата пожртвуваност во воениот конфликт, но што подоцна се случи со Стојанче само тој си знае.






И да, ако сакаат Бугарите овој Гоце Делчев одма нека го земат, но се сомневаме дека кога ќе го видат со ваков редок брк, ќе можеме да им го подметнеме… Сепак, ако Стојанче сака, знаејќи ја неговата способност за убедување и продавање магла, веруваме дека може да се наметне дури и со ваков ретко неубав брк.






Be the first to write a comment.