Во рускиот град Краснодар, раперот Иван Петунин, познат како Воки, се самоуби поради „делумната мобилизација“ објавена во Руската Федерација.
Телото на 27-годишниот Петунин е пронајдено во близина на една од високите згради во градот, објави медиумот 93.ru. Непосредно пред смртта Петунин објави видео порака во која изјавил дека ќе се самоубие поради неподготвеноста да оди во војна.
„Ако го гледате ова видео, тогаш повеќе не сум жив… Не можам и не сакам да го земам гревот на убиството на мојата душа. Не сум подготвен да убивам за какви било идеали“.
Според Петунин, неговата мобилизацијата била одложена поради тоа што бил во психоневролошки проблем, но стравувал дека „во наредните денови делумната мобилизација ќе премине во целосна мобилизација“.
На денот на неговата смрт, раперот објави нов албум. „Слушајте некои од нив за да разберете каква личност бев“, рече Петунин во своето обраќање.
Be the first to write a comment.