За споредба, лани првиот снег на Пелистер паднал речиси еден месец порано, односно на 8 октомври

Падна првиот снег за оваа сезона на врвот Пелистер на планината Баба. Фотографијата е објавена на социјалната мрежа Фејсбук.

Според Управата за хидро-метеоролошки работи, денеска времето низ државата ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од источен и североисточен правец, особено долж Повардарието каде претпладне ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, пообилни претпладне. Ќе дува умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 14 степени.

Од понеделник следува стабилно време со утринска магла по одделни котлини.

За споредба, лани првиот снег на Пелистер паднал речиси еден месец порано, односно на 8 октомври.