Синот на познатиот американски актер и пејач Џек Вагнер, бил пронајден мртов во понеделник наутро на паркинг во Лос Анџелес.
Харисон Вагнер имаше само 27 години, а неговиот татко е најпознат по улогите во сериите „Melrose Place“, „Santa Barbara“ и „General Hospital“.
Kaj Харисон е констатирана смрт на лице место околу 5 часот наутро, а засега не се знае од што и под кои околности починал. Во тек е истрага, а причината за смртта е наведена како „одложена“.
По обдукцијата, причината за смртта не е утврдена, па затоа се бара дополнителна истрага за смртта, која вклучува дополнителни испитувања, соопштија од судска медицина како образложение за доцнењето.
Be the first to write a comment.