Анатолиј Карпов е тешко повреден и е во кома. Сите спротивставени информации за неговата здравствена состојба ги отфрлила неговата ќерка Софија.
– Тато е повреден како последица на падот, тој е во вештачка кома – изјавила неговата ќерка Софија, пренесува Телеграм каналот Маш.
Поранешниот светски шампион во шах и потпретседател на Државната дума Анатолиј Карпов (71) е повреден како последица од пад. Ќерката на рускиот велемајстор Софија изјави дека немало напад на нејзиниот татко, а повредите се последица од пад.
Анатолиј Карпов моментално се наоѓа на Одделот за неврореанимација на Институтот „Склифосовски“ во Москва, во состојба на вештачка кома.
За здравствената состојба на Анатолиј Карпов се огласи и младиот руски велемајстор Сергеј Карјакин.
– Тој е во болница. Во контакт сум со помошниците на Анатолиј Евгениевич. Знам дека не е сè како што пишува во каналите на Telegram.
Be the first to write a comment.