Најмалку 120 луѓе ги загубија животите и над 100 се повредени денеска во стампедо во Сеул за време на прослава на Ноќта на вештерките, соопшти јужнокорејската противпожарна служба.

Службата соопшти дека 140 амбулантни возила биле распоредени за да им помогнат на луѓето на местото на настанот.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ги повика болниците да бидат подготвени да примат пациенти. На видеата од местото на настанот се гледаат вреќи со тела на улиците, амбуланти возила и болничари кои се обидуваат да ги извлечат луѓето заробени еден под друг.

Засега се претпоставува дека жртвите биле згмечени од големото трчање и брзање на луѓето во тој дел на Сеул.

Наводно, имало околу 100.000 луѓе во областа кои ја прославиле првата Ноќ на вештерките без маски и на отворено од избувнувањето на пандемијата.

📸

📸

📸

📸

📸

📸