Има една стара урбана поговорка која вели: „Облечи се, ќе го расипеш времето“, која најчесто се употребува кога некој ќе се разголи или појави „потенко“ облечен отколку што тоа го дозволуват временските услови.
Иако есента на голема врата е тука, а зимата чука наврата, додека студот и ниските температури некако како да подранија и се невообичаени за овој период на годината, некому очигледно баш и не му студи.
И ништо чудно, доколку тој некој или поточно некоја, не е токму една од оние што на нацијата и ја соопштуваат временската прогноза.
Имено, презентерката на времето на ТВ Телма, атрактивната Елена Манојловски „се разголе“ откако застуде. Таа сподели фотографја на својот Инстаграм на која е во маичка како за среде лето.
Очигледно убавото и топло време како и на сите нас, веќе почна да и недостасува, па Елена се потсети и себе си и сите нас на сончевите денови преку сопственото селфи!
„Оди па разбери ја“ – би рекле некои, но затоа Елена има своја животна филозофија и свој одговор на ваквите мислења.
„Разбери ме. Јас не сум како обичен свет. Јас го имам своето лудило, живеам во друга димензија и немам време за работи што немаат душа“ – напишала сексапилната презентерка на временската на Телма.
„Ако имаш душа, облечи се… Ќе го расипеш времето“ – прокоментираа некои, додека мнозинството вистински мажи се многу повеќе за ваква, целосезонска „подразголена варијанта“ кај презентерката на временска прогноза кога истата ја презентира… „Жешка“ и кога ќе застуди!
По теркот на оние од латиноамериканските земји, особено ако се вака згодни, атрактивни и сексапилни како Елена, која во тој поглед ништо не заостанува зад најпознатата колешка, Мексиканката – Џенет Гарсија!
Be the first to write a comment.