Злогласната чешма во месноста Кисела Вода во Битола зеде нови жртви. Овојпат од смртоносниот гас што го испушта изворот се угушија битолчаните А.Н. (68) и К. Н. (63).
Од СВР Битола соопштија дека во 16.24 часот од Итна медицинска помош-Битола било пријавено дека кај изворите на кисела вода на место викано „Сребрена вода“ во близина на село Крстоар-Битола, имало две починати машки лица. За настанот е известен јавен обвинител. Од страна на екипа од ИМП била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција.
Од Битолската противпожарна единица соопштија дека тројца пожарникари со маски и опрема слегле кај јамската шема и ги извлекле двајцата мажи, но веќе биле мртви.
– Неофицијално се работи за браќа, а очевидци раскажуваат дека двајцата пешачеле и слегле кај јамската чешма со кисела вода, објави порталот САКАМ ДА КАЖАМ.
Оваа таканаречена чешма-убиец во Битолско досега има одземено повеќе животи. Надлежните во изминатите години имаа соопштено дека со тоа што е спуштена под површинското ниво долу собира отровен гас кој е причина за повеќе смртни случаи до сега.
Во деведесетите години на овој начин после матурската забава се имаше угушено матурант од Битола.
Be the first to write a comment.