Граѓани се спротивставуваат на денешното вадење на знакот „Ја сакам Кисела Вода“.
Оваа наредба доаѓа директно од градоначалничката на градот Скопје, Данела Арсовска која дала налог овој знак да се отстрани.
Тој беше симбол на општината во последните неколку месеци и вистинска атракција за многумина кои се фотографираа, но денеска истиот знак беше исечен и отстранет со брусалици.
Во меѓувреме на видеото кое ни го испрати разочаран граѓанин се слуша како овој жител на Кисела Вода води жестока расправија со работниците, додека и тие го поддржуваат дека не требало да се трга од тука ова обележје.
Граѓани се спротивставуваат на вадењето на знакот „Ја сакам Кисела Вода“ по наредба на Данела Арсовска pic.twitter.com/QH73e5PMCZ
— Курир (@KurirMK) October 25, 2022
Be the first to write a comment.