Полицијата на кантонот Сараево се огласи по убиството што се случи во главниот град на Босна и Херцеговина, во кое животот го загуби старица. Според полицијата, случајот бил пријавен синоќа околу 21 часот.
Како што неофицијално дознава „Аваз“, старицата ја удавиле нејзините малолетни внуки, а потоа се обиделе да прикажат се како природна смрт.
– Имајќи предвид дека полициските службеници на МУП на кантонот Сараево, под надзор на Кантоналното обвинителство на кантонот Сараево, преземаат интензивни мерки и дејствија за расветлување и документирање на сите околности поврзани со постоењето на основи на сомнение дека на територијата на општината е извршено кривичното дело убиство на постара жена, во овој момент, во интерес на истрагата, не можеме да дадеме повеќе информации.
Неколку лица се донесени во службените простории на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево и против нив се води кривична постапка, под надзор на Кантоналното обвинителство на Кантон Сараево.
Со оглед на тоа што според досега прибраните информации во ова кривично дело се инволвирани повеќе малолетници, не можеме да дадеме подетални информации, имајќи ги предвид одредбите од Законот за заштита и постапување со деца и малолетници во кривичната постапка.
Be the first to write a comment.