Грција остана шокирана од прераната смрт на 25-годишниот Јанис Далас, кој го загуби животот завчера додека беше на подводен риболов во морската област Палаја Епидаурус.
Според информациите на грчките медиуми, несреќниот млад човек кој се занимавал со подводен риболов бил со свој пријател, кога по едно нуркање двајцата млади се разделиле. На површина излегол пријателот на 25-годишниот и кога сфатил дека Јанис не излегол на површина, почнал да го бара, а притоа ги известил надлежните.
Неколку часа подоцна, младиот човек бил пронајден во несвест, а лекарите од Здравствениот дом Лигури констатирале смрт.
– Капетанијата на пристаништата Стар Епидаурус во утринските часови (20.10.2022) од страна на подводен риболовец била известена за можен инцидент со давење на друг човек, со кој заедно вршеле аматерски подводен риболов во морско подрачје на Епидаурскиот залив, Арголис, се вели во Соопштението на крајбрежната стража.
На местото на настанот веднаш излегле екипи кои од наведеното морско подрачје извлекле 25-годишно момче во бессознание. 25-годишникот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствен дом „Лигури“ каде била констатирана смрт.
Be the first to write a comment.