Во саботата со скопското село Волково, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода 53-годишниот В.З. од Скопје поради сомнение дека околу 18,20 часот во селото пукал на семејна веселба.
Кај него била пронајдена и одземена пушка „Застава M59/66“ калибар 7,62 x39 mm, додека на местото биле пронајдени повеќе чаури од испукани куршуми. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Be the first to write a comment.