На 61-годишна возраст по кратко боледување почина актерката Јулијана Стефанова, која целиот работен век му го посвети на Народниот тетар-Битола. Зад себе остави море одиграни претстави и плејада театарски ликови, меѓу кои и меѓу кои „Аудиција“, „Аждер“, „Малограѓанска свадба“, пренесе СДК.МК.
„Дивата, актерката која штом ќе се појавеше на сцената веднаш предизвикуваше насмевка на лицата од публиката. Нејзиниот актерски хабитус беше мек и топол, специфичен по тоа со каква леснотија ги правеше работите на сцената. А зад сцената беше уште потопла и голем другар“, соопшти Битолски театар по веста за смртта на Стефанова. Публиката ја памети како брилијантна актерка која беше родена за на сцена, целосно предадена на улогите со кои настапуваше, со извонреден смисол за хумор до тој степен што само што ќе се појавеше на сцена и ќе проговореше низ театарската сала се слушаше смеа, пишува порталот.
Be the first to write a comment.